Connect with us

Вести

Приведени 11 лица, а 33 се под истрага за местење тендери во ЕСМ Дистрибуција на топлина

Единаесет лица се приведени, а против 33 е поведена истрага за економско-финансиски криминал и злосторничко здружување – соопшти денеска Јавното обвинителство.

Во координираната акција спроведена ноќта помеѓу 17 и 18 декември и вчера, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници од Одделот за организиран и сериозен криминал спроведоа координирана акција на повеќе локации во Скопје и околината, како и во Куманово, Неготино, Велес, Пехчево, Пробиштип и Кочани, од слобода се лишени 11 лица.

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33 лица, поради основано сомнение дека сториле кривични дела од економско-финансиска природа. Сите осомничени лица се товарат за кривично дело Злосторничко здружување. Дополнително, седум лица дел како помагачи, а дел како поттикнувачи, се осомничени за продолжено кривично дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, 12 лица за продолжено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, додека на 20 лица на товар им се става дека, како соизвршители, сториле продолжено кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело.

Според наводите во наредбата за истрага, во текот на 2023 година тројца осомничени како службени лица вработени во ЕСМ Дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје и четворица управители и/или сопственици на двете осомничени правни лица создале група со цел вршење кривични дела злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело. Кон групата се приклучиле останатите 26 осомничени лица.

Во текот на 2023 година, со намера да се изигра постапката, по претходно договорена и изготвена техничка спецификација за набавка на „СКАД Ормари мониторинг ормар со ГСМ контролор за топлинска станица“ за потребите на ЕСМ Дистрибуција на топлина Дооел Скопје, дел од припадниците на злосторничкото здружување, во својство на службени лица не ја извршиле својата службена должност и постапиле спротивно на законските прописи и внатрешните акти. Истите договориле на огласот за јавна набавка, да се пријават двете осомничени правни лица од Скопје и од Куманово. Правното лице од Куманово се јавило како економски оператор со непотполна документација и со понуда повисока од понудената цена од правното лице од Скопје, кое понудило речиси идентичен износ со проценетата вредност на јавната набавка, иако вредноста не била објавена во огласот за јавната набавка. Со ова дејствие овозможиле правното лице од Скопје да го добие договорот за јавна набавка на СКАД ормари и да се стекне со противправна имотна корист во вкупна вредност од 472.470.407 денари со ДДВ, односно 7.682.445 евра на штета на Буџетот на ЕСМ Дистрибуција.

– По извршувањето на горенаведените предикативни кривични дела, пријавените од 2023 до 2025 со намера за себе или за друг да прибават противправна имотна корист и да го прикријат потеклото, движењето и сопственоста на паричните средства, истите во вкупен износ од 125.556.930,00 денари, односно 2.041.576 евра​, ги пуштиле во оптек, примиле и пренеле и со вака преземените дејствија го извршиле битието на кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело. Ценејќи ги околностите јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, достави предлози што беа прифатени од судот и со Решение на седум лица им е определена мерка притвор, додека за шест лица се определени мерки за обезбедување на присуство – се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3