Свет
Мал приватен авион се урна во Северна Каролина
Повеќе луѓе загинаа откако приватен авион „Цесна Ситиејшн Ц550“ (Cessna Citation C550) се урна во близина на регионалниот аеродром Стејтсвил во Северна Каролина и се запали.
Канцеларијата на шерифот на округот Иредел потврди дека повеќе лица загинале во несреќата, но не наведе број.
Сè уште не е познато точно колку луѓе биле во авионот, кој вообичаено има капацитет од осум до десет патници.
Истрага за авионската несреќа е во тек. Според прелиминарните податоци од летот, авионот полетал од аеродромот Стејтсвили летал само пет милји пред да се сврти и да се упати назад кон аеродромот, но причината за маневрирањето сè уште е непозната. Податоците од „FlightAware“ покажуваат дека авионот недостигнал висина над 2.000 стапки.
Временските услови за време на несреќата биле лоши – ниска облачност, видливост помала од три милји и дожд.
Урнатиот авионот е сопственост на „GB Aviation Leasing LLC“, која е поврзана со пензионираниот возач на НАСКАР, Грег Бифл. Сè уште не е познато дали Бифл бил во авионот во времето на несреќата.
декември 19, 2025


