Економија
Еуродизелот поевтинува за два денари, цените на другите горива остануваат исти
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денара по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 64,50 денари.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
декември 19, 2025


