Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот во Лотарија го потврди и ДЗР, каде завршија 2 милиона евра пари на граѓаните украдени во време на СДС и ДУИ

Криминалот на СДС и ДУИ во македонска Лотарија доби уште една институционална потврда.

Државниот завод за ревизија констатира серија сериозни нерегуларности во финансиското работењето на институцијата под раководството поставено токму од СДС и ДУИ.

ДЗР утврди дека постои злоупотреба на 2 милиони евра, пари на граѓаните кои Перпарим Бајрами и Артан Груби ги фалсификувале, злоупотребиле или прикриле. И сето ова се случувало додека СДС слепо и немо го одобрувале криминалот и злоупотребите на експонентите на ДУИ, како лицата во бегство Груби и другар му Бајрами.

Како што прашувавме и во минатото, така и сега прашуваме дали СДС и ДУИ го дозволиле првиот, од многуте криминали во Лотарија од два милиони евра и на кои сметки завршиле овие пари?

Јавноста заслужува да знае, со кое право СДС го прикривале криминалот на кадарот на ДУИ и зошто обвинителството толку време не постапувало, иако како ВМРО-ДПМНЕ долго време наназад, јавно баравме одговорност и за други предмети поврзани со Лотарија.

Извештајот на ДЗР е само уште една потврда во низата за начинот на кој СДС и ДУИ раководеа со државните институции. Ги уништија претпријатијата, ги испразнија буџетите и ги испокрадоа парите.

Сега веќе го нема нивниот обвинител Љупчо Коцевски за да ги штити и одговорност како за ова и за останатите криминали мора да има.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2