Connect with us

Свет

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Кремљ сигнализираше подготвеност за дискусија за можно распоредување на западни трупи во Украина, и покрај неговото долго противење на таквиот потег, пренсе ДПА.

Новинската агенција Тас го цитираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој изјави дека позицијата на Русија за распоредување на странски сили е „добро позната, конзистентна и јасна“ – но оти тоа сепак би можело да биде „предмет на дискусија“.

Овој предлог повторно излезе на површина за време на разговорите во Берлин оваа недела, во кои учествуваа американски, европски и украински претставници.

Идејата за која се дискутира е да се распоредат повеќенационални сили во Украина откако ќе се постигне прекин на огнот, со мандат да го следат почитувањето на договореното. Киев ги опиша таквите сили како дел од безбедносните гаранции што ги бара за да спречи нов руски напад.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, минатата недела предизвика загриженост кога предупреди дека мировните трупи стационирани во Украина би можеле да станат „легитимни мети“.

Рускиот претседател Владимир Путин, исто така, ја оправда војната како неопходна за да се спречи членството на Украина во НАТО и присуството на трупи на Алијансата кои Москва ги смета за непријателски.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1