Connect with us

Свет

Полицијата исели 400 мигранти од напуштено училиште во шпанскиот град Бадалона

Полицијата во шпанскиот град Бадалона денеска исели околу 400 мигранти без документи од напуштено училиште.

Суд оцени дека училишната зграда во Бадалона, североисточна Шпанија, е небезбедна. Но, не изречи никаква мерка за изнаоѓање на сместување за мигрантите.

Полициската акција помина мирно, а приведени се 18 луѓе под сомнение дека претстојуваат во Шпанија без дозвола.

Мигрантите, воглавно од Сенегал и Гамбија, во училиштето се вселиле во 2023 година, а преживувале главно од продавање на отпаден метал. Некои од мигрантите имале дозвола за претстој и работа, но не можеле да си дозволат дом.

Градската власт на Бадалона понуди привремен смештај за околу 30 луѓе. Додека регионалната служба на Каталонија ќе згрижи уште 60 лица.

Иселувањето на мигрантите е на барање на градоначалникот на Бадалона, Ксавијер Гарсија Албиол, кој тврди дека сквотот претставува „опасност по јавната безбедност“.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2