Хроника
Кумановец измамил лице за летување во Турција, го оштетил за над 6.000 евра
Триесет и тригодишен кумановец се претставувал како вработен во туристичка агенција и успеал да измами лице за летување во Турција, соопшти денеска полицијата.
-СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, информираше МВР.
Пријавениот, се претставил како вработен во туристичка агенција во Куманово и со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно лице за резервација за летување за две семејства во Република Турција, во износ од 373.890 денари.
декември 18, 2025


