Connect with us

Свет

Кремљ: Русија се подготвува за контакти со САД по прашањето за Украина

Кремљ денеска соопшти дека Русија се подготвува за контакти со САД за да добие детали за нивните разговори со европските сили и Украина за евентуален договор за прекин на војната во Украина.

Претходно, американското издание Политико објави дека се очекува американски и руски претставници да се сретнат во Мајами во текот на викендот и дека руската делегација ќе го вклучува и претставникот на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции, Кирил Дмитриев.

Кога беше прашан за медиумските извештаи за состанок во Мајами, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите дека се планирани контакти со САД.

„Навистина подготвуваме одредени контакти со нашите американски колеги за да добиеме информации за резултатите од работата што Американците ја завршија со Европејците и со Украина“, рече Песков.

САД водеа разговори со Русија, а одделно со Киев и европските лидери, за предлози за прекин на војната во Украина, но не е постигнат договор.

Путин вчера изјави дека Русија ќе заземе повеќе територија во Украина со сила ако Киев и европските политичари, кои ги нарече „млади прасиња“, не се вклучат во предлозите на САД за мирно решавање на конфликтот.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1