Хроника
Кавадарчанец управувал возило со 3,21 промил алкохол во крвта
Кавадарчанец управувал возило со 3,21 промил алкохол во крвта, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Синоќа во 20:05 часот на крстосница од улиците „Народен фронт“ и „Коле Подлешки“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода А.М., на возраст од 35 години. Претходно, тој со патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки, паркирано од Т.А., 55-годишно лице од Кавадарци. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека А.М. управувал возило под дејство на алкохол – односно дека има 3,21 промил алкохол во крвта, појаснија од СВР – Велес.
По целосно документирање на настанот, како што потенцираа, против лицето ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот закони
декември 18, 2025


