Connect with us

Економија

Директорот на ТИРЗ ги претстави можностите за инвестирање пред менаџментот на Philips

Директорот на ТИРЗ Гоце Димовски заедно со владина делегација го посети центарот за иновации на Philips – „Best Campus“, во Ајндховен, Холандија, каде беа презентирани инвестициските можности кои ги нуди Македонија и ТИРЗ. Беа разгледани напредните производствени погони на компанијата, како и широкиот спектар на здравствени иновации.

Воедно, информираат од ТИРЗ, Димовски ги претстави можностите кои ги нудат технолошките индустриски развојни зони, со осврт на клучните поттикнувачки мерки и придобивки за инвеститорите.

-Технолошките индустриски развојни зони нудат конкурентни услови кои гарантираат економски раст и развој на инвеститорите. Со стабилната и предвидлива деловна клима, современата инфраструктура, гринфилд инвестициите добиваат цврста основа за успешна и долгорочна реализација. Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места, а во исто време создаваат додадена вредност за целата економија, рекол Димовски.

Од страна на менаџментот на Philips беше изразен особен интерес за можностите за продлабочување на соработката, при што беа презентирани и најновите иновациски решенија на компанијата во областа на здравството, со фокус на дигиталната трансформација на здравствените системи, напредните дијагностички технологии и интегрираните решенија за подобрување на квалитетот и ефикасноста на здравствените услуги. Во тој контекст, беа разменети мислења за потенцијалите за идна соработка, како и за можностите за реализирање на инвестициски проекти кои би придонеле кон трансфер на знаење, примена на современи технологии и отворање нови високо-квалификувани работни места.

Центарот за иновации на Philips во Ајндховен – „Best Campus“ е една од најважните точки за високотехнолошки иновации во здравството. Кампусот е отворен во 1971 година, а денес е еден од најголемите кампуси во рамките на Philips во светот, со околу 3.500 вработени и најсовремени технолошки решенија од областа на IMT (Image Guided Therapy), магнетна резонанца, дијагностички рентген, компјутерска томографија и слично.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4