Connect with us

Вести

Директорот на Царинска управа во Брисел потпиша Mеморандум за електронска размена на податоци со Бугарија

Директорот на Царинска управа Бобан Николовски и директорот на Националната царинска агенција на Република Бугарија Георги Димов, денеска во седиштето на Европската комисија во Брисел, во присуство на еврокомесарката за проширување Марта Кос, потпишаа Меморандум за разбирање со кој се овозможува електронска размена на податоци.

Како што информира Царинската управа, целта е забрзување на легалната трговија и спречување обиди за царинска измама со што директно ќе се придонесе за зајакнување на конкурентноста на македонската економија на пазарот во ЕУ.

Николовски вели дека со овој чекор Царинската управа јасно ги покажува силните заложби на институцијата за забрзување на интеграцијата на нашата држава во ЕУ.

– На овој начин го трасираме патот напред, при што нашата интенција е забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ и подобрување на конкурентноста на македонската економија. Од ЕУ имаме силна поддршка, за што доказ е и денешниот настан, истакнал Николовски од Брисел.

На потпишувањето присуствувале директорите на Царинските управи од земјите од Западен Балкан и ЕУ, како и директорите на ЦЕФТА и Транспортна заедница.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2