Connect with us

Вести

Центарот за обука на МВР во Идризово доби фотоволтаична централа

Центарот за обука на МВР во Идризово доби фотоволтаична централа,  донација на ОКТА во вредност од еден милион евра и капацитет за производство на 55 мегават часови електрична енергија годишно. 

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, посочи дека според пресметките со оваа фотоволтаична централа годишно ќе се прави заштеда од околу пет илјади евра. 

Тошковски, исто така, најави инвестиции во вакви проекти и во иднина, нагласувајќи дека заштедува трошоци на државата и придонесува за заштита на животната средина. 

Главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, изјави дека во рамки на проектот се донирани фотоволтаични централи и за шест основни училишта низ државата. 

Проектот, како што нагласи, е во насока на инвестирање на Окта во обновливи извори како општествено одговорна компанија. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3