Connect with us

Свет

Британскиот министер за здравство им се извини на пациентите откако лекарите почнаа петдневен штрајк

Британскиот министер за здравство, Вес Стритинг, им се извини на пациентите откако лекарите во Англија почнаа петдневен штрајк поради тековниот спор околу работните места и платите.

Стритинг изјави дека владата на Велика Британија направила сè што можела за да го избегне штрајкот, вклучително и одржување на преговори во „последен час“ со претставници на Британската медицинска асоцијација (BMA).

Тој рече дека здравствените власти прават сè што е во нивна моќ за да го минимизираат влијанието на штрајкот, но предупреди дека пациентите ќе се соочат со прекини бидејќи штрајкот доаѓа во „најлошото време“ за Националната здравствена служба (NHS). Болниците веќе се справуваат со зголемен број случаи на грип и други зимски болести.

– Направивме сè што можевме за да ги спречиме овие штрајкови и да го сопреме штрајкувањето. Кога дојдовме во владата, го признавме тоа што специјализантите го зборуваа за платите, и затоа тие добија покачување од 28,9 отсто од оваа влада. Секако, подготвени сме да разговараме со нив за тоа што ќе правиме во идните години. Мислам дека луѓето можат да видат дека дадов се од себе за да ги избегнам овие штрајкови во ова најлошо време за NHS. Навистина ми е жал за пациентите поради прекините што се случуваат како резултат на ова, изјави Стритинг.

Петдневниот штрајк, кој почна утрово во 7 часот наутро, е 14-ти по ред на лекарите специјализанти од 2023 година досега.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1