Connect with us

Свет

Азербејџан првпат по три децении испорача бензин во Ерменија

Властите на Азербејџан денеска соопштија дека државната нафтена компанија SOCAR испорачала 1.220 тони бензин во Ерменија, што претставува прва таква пратка меѓу двете земји во последните 30 години, во рамките на постепеното подобрување на односите по долготрајните конфликти.

Според владини извори во Баку, бензинот е испратен со железница од главниот град на Азербејџан до местото Бојук-Кесик, во близина на границата со Грузија, преку чија територија пратката ќе биде дополнително транспортирана до Ерменија.

Договорот за испораката е постигнат минатиот месец на разговорите меѓу заменик-премиерите на Азербејџан и Ерменија, во рамките на напорите за проширување на економската соработка, изјави помошникот на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, и шефот на секторот за надворешна политика во неговата администрација, Хикмет Хаџиев. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2