Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека обвинителството и судството во Македонија било под нивна контрола

СДС по поднесената оставка на Љупчо Коцевски, излезе со соопштение дека „Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го преземаат Обвинителството и Судството’’, кое ние како владејачка партија остро го демантираме и осудуваме говорот од страна на СДС.

Но, сепак вистината излезе на виделина, а тоа е дека СДС призна дека обвинителството и судството било под нивна контрола. 

Тоа што ние како партија го говориме со години, дека судството и обвинителството е под контрола на СДС, Филипче и Заев, тие денес тоа го признаа и јавно.

Очекуваме од новиот државен јавен обвинител, кој и да биде, да постапува независно и да ги истражи сите случаи кои досега Коцевски под насока на СДС, ги има чувано во фиока.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4