Connect with us

Вести

МВР: Шалтер „Безбеден град“ во зградата на МТВ, ќе може да се ажурираат податоци за возилата

Граѓаните на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Тоа, информираше Министерството за внатрешни работи,  ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Шалтерот „Безбеден град“ ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот.

– Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните, соопшти МВР. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1