Connect with us

Вести

Колабирано белодробно крило и едем на мозокот: Објавени деталите за смртта на новороденчето од Арачиново

Колабирано белодробно крило, отежнато дишење, прекумерна акумулација на течност (едем) во интрацелуларните или екстрацелуларните простори на мозокот и кардиореспираторна инсуфисиенција е причина за смртта на новороденчето на В.И. од Арачиново, според медицинската документација која ја обезбеди Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Ова денеска го истакна директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, кој рече дека до министерот за здравство е инцирано формирање  комисија за стручен надзор, која треба да утврди дали има пропусти во третманот и лекувањето на починатото дете на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Тој информира дека вчера е извршен вонреден инспекциски надзор во Клиниката за гинекологија по доставена наредба од министерот за здравство за вршење на вонреден инспекциски надзор во врска со лекувањето и третманот на новороденчето на В. И. од Арачиново, починато на Клиниката Скопје на 1 октомври.

Со увид во основната медицинска документација за родилката и основната медицинска документација за новороденчето на В.И., како и останата документација за случајот на клиниката, се констатира  дека родилката В.И, се јавила за преглед во Клиниката за гинекологија на 27 септември и како итен случај е хоспитализирана на Оддел за патолошка и високоризична бременост. На 28 септември се поставила индикација за породување со царски рез и истото е извршено во вечерните часови (со почеток во 20:10 часот и крај на интервенцијата во 21 часот). Родено е живо машко како прематурус (36) и по 4 часа од раѓањето на 29 септември префрлено е на Одделот за Интензивна нега и терапија поради средно-тежок респираторен дистрес. Реализирана нативна графија на бели дробови на клиниката со наод на парцијален пнеумоторакс лево, по што веднаш е седирано, интубирано и приклучено на вештачка вентилација и тројна антибиотска терапија заради конатална сепса. Во листите наведено дека е консултиран детски хирург и дадена е препорака од негова страна за конзервативен третман на пнеумотораксот. Според листата, утрото на 29 септември детето е два пати реинтубирано поради спонтана екстубација, посочи Лазов.

На 1 октомври се влошила состојбата на детето, па повикан е детски кардиолог и детски хирург кој поставил дрен поради наод на масивен пнеумоторакс десно; а од страна на дежурниот педијатар на ОИНТ м-р.субспецијалист по невропедијатрија извршен и ултразвучен преглед на мозок со наод на оедeта cerebri. Поради тешката состојба, пристапено кон кардио-пулмонална реанимација, даван е адреналин во три наврати, но без успех и настанат е exitus letalis во 19 часот на 1 октомври. Креирано е барање за обдукција до Институт за патологија при Медицинскиот факултет – Скопје, но до денот на инспекцискиот надзор не е изготвен извештај. Причина за смрт масивен пнеумоторакс десно, emphysema pulmonum, oedema cerebri et hypertrophia plexus cerebri, insuff. Cardiorespiratoria. Родилката е испишана од клиниката на 1 октомври по нејзино барање спротивно на совет од лекар. За случајот се состанала и Комисијата за следење и унапредување на квалитетот за здравствена заштита на клиниката на ден 14 октомври и на 28 октомври согласно закон, додаде Лазов. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2