Connect with us

Вести

Измените и дополнувањата на Законот за буџети и Законот за експропријација го минаа комисискиот филтер

Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница ги изгласа и ги даде на натамошна постапка измените и дополнувањата на Законот за буџети и Законот за експропријација, и давата по скратена постапка.

Членовите на Комисијата позитивно се изјаснија и по Предлогот на закон за гаранција по однос обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за фотонапонска електроцентрала „Битола 3“, Предлог на закон за гаранција за обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за фотонапонска електроцентрала „Битола 3“ и за дополнително финансирање на Проектот за ревитализација на хидроелектрани.

Со измените на Законот за буџети, по скратена постапка се врши усогласување на одредбите од Законот за буџети со системските правила што произлегуваат од Законот за административни службеници. Поаѓајќи од статусот на државни службеници на вработените во стручната служба на Фискалниот совет, се предвидува нивниот статус, вклучително и платите и надоместоците, да се уредуваат согласно Законот за административни службеници и прописите донесени врз негова основа. Како што се наведува во образложението, поради тоа, одредбата од член 11-а се брише поради потребата од целосно усогласување со системското уредување на платите на административните службеници, при што дополнително и посебно пропишување на нивните плати во Законот за буџети не е системски оправдано. Исто така, со предложеното решение, се посочува, се одлага примената на Законот за буџети од 1 јануари 2028 година поради потребата од воспоставување на интегрираниот информационен систем за управување со јавните финансии.

Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација, е поднесен од пратениците Тони Јаревски и Петар Ристески и со него се врши појаснување на одредбите од самиот закон кои ќе влијаат позитивно во однос на самата негова примена, како и доусогласување на дел од одредбите со прописите од областа на урбанистичкото планирање.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1