Connect with us

Свет

Во Берлин завршија разговорите помеѓу Зеленски и американската делегација

Завршија разговорите во Берлин помеѓу претседателот на Украина, Володимир Зеленски и американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, објави Ураинформ.

Според украинските медиуми, средбата на која се разгледувале 20 точки од американскиот мировен план, траела два часа.

Неименуван украински извор изјави дека Зеленски веќе е на средба со германскиот претседатеч Франк-Валтер Штајнмајер. 

Предвидено е Зеленски во текот на денот да разговара и со европските лидери, меѓу кои и британскиот премиер Кир Стармер и претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата, чиј домаќин ќе биде германскито канцелар Фридрих Мерц ќе присуствуваат и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и претседателската на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен.

Зеленски вчера имаше петчасовен разговор со американскиот специјален претставник Виткоф, кој изјави дека е постигнат „голем напредок“.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3