Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Венко очаен си, види каква мизерија направи од СДС, ти се смее кој стигне
Ваков очај, ваква безидејност, ваква мизерија досега македонската политичка сцена не памети.
Да немаш допир со реалноста и да си измислуваш работи, или си шизофрен човек или си Венко Филипче.
Да викаш дека зголемувањата на пензиите од 6.000 денари до денес се ниски – а твојот “чекор” би бил пензии до 3.000 денари, да викаш дека мигранти тропаат на врата и само што не стигнале во Македонија – а те демантира премиер, претседател на држава и британска амбасада, да викаш дека 1,5 година е мал период за да консолидираш партија – а истиот период за консолидација на ограбената држава што ја остави со Заев, да говориш за РЕК Битола и те како не смее да ти текне – а другар ти Васко побегуља да го украде цел енергетски систем, да зборуваш за цени на сметки за струја – а ти со твојот ментор Заев и Ковачевски ги зголемивте за 50%, да зборуваш за правда – а да не одговараш за Модуларна болница, Венко тоа е срам и немање на образ.
Една таблета диазепам за добри соништа, може “убавото” време на твоето владеење пак ќе го сонуваш.
декември 16, 2025


