Хроника
Велешанец физички ја нападнал својата мајка, по што и се заканувал со остар предмет
Четириесет и едногодишен велешанец бил приведен од страна на полициски службеници од СВР Велес, а по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 58 годишна мајка, а по што и се заканувал со остар предмет.
Како што соопштија денеска од СВР Велес, тој бил задржан во полициска станица, а предметот бил пронајден и одземен.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
декември 16, 2025


