Connect with us

Свет

Трамп го означи опоидот фентанил за „оружје за масовно уништување“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го означи синтетичкиот опиоид фентанил за „оружје за масовно уништување“ како дел од напорите за справување со тековната криза со дрогата во САД, јави ДПА.

„Формално го класифицираме фентанилот како оружје за масовно уништување, што тој и е. Ниедна бомба не го прави она што го прави оваа дрога“, рече Трамп додека ја потпишуваше наредбата во Вашингтон. 

ДПА пренесува дека Трамп притоа рече дека стотици илјади луѓе умираат секоја година од злоупотребата на фентанилот.

Фентанилот е моќен лек против болки што се користи медицински за лекување на силна болка и во анестезија, но предизвикува голема зависност. Трамп рече дека самата супстанца не е по природа лоша, но може да се злоупотреби кога се меша со други супстанции.

Опиоидот предизвика сериозна криза со дрогата во САД. Фентанилот е до 50 пати посилен од хероинот, а предозирањето останува водечка причина за смрт кај американските граѓани на возраст од 18 до 44 години, покажуваат владините податоци. Само неколку милиграми можат да бидат фатални, велат властите.

Останува нејасно какво практично влијание ќе има ова означување на Трамп. Во извршната наредба се вели дека администрацијата ќе испита дали ситуацијата бара вклучување на Министерството за одбрана, вклучително и можна употреба на воени сили. Американската војска веќе спроведува операции против наркотици во Карибите, потсетува ДПА.

Според дефинициите на Обединетите нации, оружјето за масовно уништување вклучува нуклеарно, биолошко и хемиско оружје. Федералното биро за истраги на САД (ФБИ) исто така смета дека радиолошкото и експлозивното оружје може да предизвика широка штета на луѓето, имотот и инфраструктурата, потсетува германската агенција. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3