Connect with us

Политика

Стојаноски: Лагите на СДС се разоткриени, Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја гарантира безбедноста во државата

Во изминатиот период бевме сведоци на тоа како СДС сака да внесе несигурност и вознемиреност во јавноста преку ширење на лажни информации, свесни манипулации и дезинформации, кои беа интензивно и гласно пласирани во јавниот простор.

Разбирливо е дека СДС и Филипче се во континуиран слободен пад, без визија и во отсуство на вистински политики, и затоа посегнуваат по секоја цена да дојдат до некаков политички поен и краткорочен бенефит.

СДС и Венко Филипче, продолжуваат по стапките на нивниот ментор Зоран Заев. Секојдневно, гледаме иста реторика, исти методи и исти манипулативни наративи. Ова СДС не го прави случајно, туку е свесна стратегија, поради тоа што нема што ново да понуди.

Ваквата кампања на опозициската СДС, која инаку повеќе се одликува со квантитет директно го нарушува мирот на граѓаните, а е и во спротивност со Кривичниот законик, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, како и со Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Токму затоа преку Резолуцијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието, јасно  се отфрлуваат и се поништуваат сите аранжмани, одлуки и политики на поранешната влада предводена од Зоран Заев поврзани со кампови за мигранти. Јасно ја потврдуваме определбата за принципиелна, одговорна и предвидлива надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси и почитување на меѓународното право.

Со оваа Резолуција се става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија кои СДС се обиде да ги наметне во јавниот дискурс, а се поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови. За секое следно ширење на паника, лажни вести и манипулација на народот, кривично ќе се одговара.

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на заштитата на државните интереси и ја гарантира безбедноста и сигурноста на сите граѓани.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1