Connect with us

Свет

Европските лидери се залагаат за мултинационални сили како безбедносна гаранција за Украина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и бројни други европски лидери се залагаат за мултинационални сили кои би обезбедиле можен прекин на огнот во Украина, јави ДПА.

Силите би биле предводена од Европа и поддржани од Соединетите Држави. Тие би им помагале на украинските вооружени сили и би ја обезбедиле безбедноста на воздушниот простор и морињата, се вели во заедничката изјава усвоена вечерва, на состанокот на германскиот канцелар Фридрих Мерц со европските лидери во Берлин.

Во изјавата се наведува дека „операциите во рамките на Украина“ треба да ја поддржат мисијата, но не се дадени детали.

Русија досега категорично отфрла распоредувањето на трупи за следење на прекинот на огнот во војната во Украина, наведувајќи дека трупите од земјите на НАТО јасно би се сметале за воени цели и би биле уништени.

Декларацијата ја потпишаа Мерц и неговите колеги од Франција, Обединетото Кралство, Полска, Италија, Данска, Финска, Холандија, Норвешка и Шведска, како и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Делегации од САД и Украина преговараа за условите за прекин на огнот во Канцеларството во Берлин од вчера. Мерц ги повика европските лидери вечерва за да разговараат како да се продолжи понатаму.

На вечерниот состанок во Канцеларството присуствуваа и украинскиот претседател Володимир Зеленски и претставници на американската преговарачка делегација.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4