Connect with us

Свет

ЕК го поздравува ослободувањето на 123 политички затвореници во Белорусија

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска го поздрави ослободувањето од Белорусија на лауреатот на Нобеловата награда за мир, Алес Бељацки, опозиционерката Марија Колесникова и уште 121 политички затвореник.

„Овој развој на настаните ја зајакнува нашата решителност. Решителноста да ја продолжиме борбата за сите затвореници кои сѐ уште се во затвор во Белорусија, затоа што имаа храброст да ѝ ја кажат вистината на власта“, напиша таа на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер). 

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4