Connect with us

Вести

Ацевски: ДЗР одбележува 26 години транспарентно, отчетно и одговорно работење за чување на јавните финансии

Државниот завод за ревизија одбележува 26 години транспарентно, отчетно и одговорно работење и вложување труд и знаење за чување на јавните финансии во Македонија, опфаќајќи преку 1.400 субјекти од јавниот сектор. Во континуитет докажуваме дека сме чувар на јавните средства, односно средства на даночните обврзници, во насока на обезбедување на подобро користење на јавните средства и испорака на поквалитетна услуга кон граѓаните, порача главниот државен ревизор Максим Ацевски.

Со 60-70 ревизии годишно ДЗР е клучен елемент во транспарентно и одговорно управување со јавните финансии.

Главниот државен ревизор изрази задоволство од постапувањето на институциите по ревизорските извештаи, нагласувајќи дека постапувањето за Онкологија, за набавката на мазут од ТЕЦ Неготино, за ископот во РЕК Битола и болницата во Прилеп се по конечен ревизорски извештај на ДЗР

– Ако може да видите во претходниот период постапувањето за Онкологија, тоа е по конечен ревизорски извештај на ДЗР, постапувањето за набавката на мазут од ТЕЦ Неготино тоа е по конечен ревизорски извештај на ДЗР, постапувањето за ископот во РЕК Битола, тоа е постапување по конечен ревизорски извештај, постапувањето во јавната здравствена установа односно болница во Прилеп, исто така е по конечен ревизорски извештај. Мислам дека соработка е на завидно ниво и со ЈО, финансиската полиција и МФ и МВР – изјави Ацевски.

Од страна на министерот за локална самоуправа, како што најави Ацевски, треба да биде промовирана ревизорска алатка за јавните набавки којашто ќе биде доставена и отворена за целокупната јавност со којашто ќе можат да вршат обработка за сите договори доделени за јавни набавки од октомври 2025 година, па наназад 6 години.

– Во таа ревизорска алатка се опфатени преку 160 илјади договори, преку 1.400 институции од јавниот сектор и преку 6.700 субјекти коишто склучиле договори со одредени правни субјекти од јавниот сектор – изјави Ацевски.

Ацевски, исто така, изрази степен на задоволство од соработката со Министерството за финансии, посочувајќи дека во 2019 година бројот на вработени изнесува 80, а во овој момент имаме 143 вработени, што значи дека ја зголемивме бројката за 60 вработени за неполни шест години.

– Тоа укажува дека континуирано, постепено го зголемуваме бројот на вработени и мора да внимаваме дека бројот на вработени и мора да се грижиме за квалитетот на вработените коишто ги примаме. Досега јас сум задоволен од квалитетот од знаењето и вештините на вработените коишто се вработени, коишто ги вработуваме од една страна, но во исто време водиме детектирање во субјектите предмет на ревизија. На некој начин ги бираме луѓето коишто чувствуваме дека имаат соодветно знаење и предиспозиција за државна ревизија, и на тој начин ги преземаме во нашата институција – изјави Ацевски.

ДЗР, нагласи Ацевски е членка во меѓународните организации на ЕУРОСАИ и ИНТОСАИ, членка на бордот на НАТО, и веќе во текот на 2025 година имаме избор на еден наш ревизор којшто треба да учествува во бордот на ревизори на НАТО. Како податоците коишто се однесуваат на индикаторите за мерење на резултатите од работењето на Државниот завод за ревизија, Ацевски рече дека во текот на 2020 година започнале со мерење на пет индикатори, а во текот на 2024 година завршуваат со 27 индикатори.

– Тоа покажува дека го мериме степен на искористеност на средствата од аспект на почитување на законските аспекти, од аспект на помалку платени средства во буџетот на државата, казнени пенали, платени за неискористени кредити, изгубени грантови итн –  изјави Ацевски.

Во листата на засегнати страни, ДЗР има идентификувано 2.417, каде што, како што посочи Ацевски, има конструирано посебен ревизорски апстракт за подобро разбирање на конечните ревизорски извештаи и соопштенија за медиумите за да може полесно да се пренесе информацијата до крајните корисници, односно граѓаните.

Како главни предизвици во следниот период, Ацевски го посочи носењето на нов Закон за ревизија, со кој ревизорот ќе биде добие статус на професија од јавен интерес, како и зајакнување на оперативната и финансиска независност на ДЗР, дигитализација и воведување на нови алатки за ревизија.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2