Хроника
Тројца возачи возеле под дејство на алкохол во Тиквешко
Тројца возачи утрово возеле под дејство на алкохол во Тиквешко, лишени биле од слобода и ќе им бидат поднесени пријави согласно на кривичниот законик, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Утрово во 00:05 часот на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.Т.(36) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај сопрено е патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР Велес.
Во 02:15 часот, на регионален пат Неготино-Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Д.Д.(26) од село Тремник, неготинско.
– При контрола на патниот сообраќај сопрено е патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал Д.Д. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,68 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР Велес.
Во 03:07 часот на улица „Цано Поп Ристов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.С.(45) од Кавадарци.
– При контрола на патниот сообраќај, сопрено е патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта, информираа од СВР Велес.
Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настаните, против нив ќе биле поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
декември 15, 2025


