Connect with us

Вести

Уапсен поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа

Министерството за внатрешни работи го потврди апсењето на поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа.

-Вечерва од страна на полициски службеници приведено е лицето Ф.С., потврдија за Курир од МВР.

Од Министерството не откриваат повеќе информации за причините за апсењето на Стафа.

Според неофицијални информации, Стафа бил уапсен поради поткуп од неколку десетици илјади евра.

Фехми Стафа стана државен правобранител во август 2018 година, а разрешен во август 2022 година од Владата. Од Државното правобранителство тогаш соопштија дека тој си поднел оставка од лични причини.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4