Connect with us

Хроника

Приведен кавадарчанец, обвинет за насилно земање пари, закани и физички напад

Кавадарчанец бил приведен по пријава дека насилно одзел пари од сограѓанин, се заканувал и физички го нападнал, информира Секторот за внатрешни работи – Велес.

М.Ј. бил приведен во полициска станица, а известен е и јавен обвинител.

-Вчера попладне на улица „Илинденска“ во градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци, го лишиле од слобода М.Ј., на возраст од 43 години, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13 часот, на улица „Благој Крстиќ“ во градот, на Н.Ј., 31-годишно лице, насилно му одзел пари, му упатувал закани и физички го нападнал, наведуваат од СВР – Велес.

По документирање на случајот, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2