Свет
Бабиш: Чешката Република нема да гарантира заем за Украина, ЕК да најде алтернативи
Чешката Република нема да дава никакви гаранции за финансирањето на Украина, изјави денеска новоизбраниот чешки премиер Андреј Бабиш, кој в понеделник ќе ја преземе власта.
Според Бабиш, Европската комисија треба да најде алтернативни начини за поддршка на Украина.
Се очекува лидерите на земјите од ЕУ следната недела да разговараат за шема за заем за Украина, која ќе ги користи замрзнатите руски средства, но ќе вклучува и национални гаранции.
„Нема да даваме гаранции за ништо, ниту ќе инвестираме средства“, изјави Бабиш во видеоматеријал објавен на социјалните мрежи.
Европската комисија поднесе предлог без преседан за користење на замрзнатите руски средства или за земање заеми на меѓународните пазари за да се соберат средства кои се итно потребни за Украина.
декември 14, 2025


