Connect with us

Хроника

Жител на липковско Опае со воздушна пушка тешко повредил пријател во Куманово

Жител на липковско Опае со воздушна пушка застрелал пријател од Куманово, соопшти денеска полицијата.

Како што наведува СВР Куманово, вчера во 18:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.А.(45) од село Опае, липковско. Според пријавеното, на улицата.„Карл Маркс“ во Куманово, пријавениот со истрел од воздушна пушка го погодил неговиот пријател Б.Ш.(53) од Куманово и му нанел тешки телесни повреди.

Известен е јавен обвинител и по целосното документирање на случајот, против Б.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2