Хроника
Скопјанец измамен за 74.000 денари
На 09.12.2025 во 14:45 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од скопско пријави дека во септември 2025 година бил измамен од Б.Н. и Р.„Н“ за сума од 74.000 денари. Според пријавеното, парите им ги дал да купат материјал од стовариште и да ги довршат градежните работи во неговата куќа, а откако дознал дека материјалот во стовариштето воопшто не е платен, а Б.Н. избегнувал контакт со него, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
декември 11, 2025


