Connect with us

Хроника

Лишен од слобода 30 – годишник од неготинско, му се заканувал на неговиот татко

Лишен од слобода бил 30 – годишник од Неготинско, кој што му се заканувал на татка си, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.  

-Вчера во 14 часот, полициски службеници од ОВР Неготино лишија од слобода 30-годишник од Неготинско, постапувајќи по претходна пријава дека во домот упатувал закани на неговиот 53-годишен татко. Тој e задржан во полициска станица, известен e јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираа од СВР Велес. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4