Connect with us

Вести

Јавен обвинител ќе биде избран преку јавен повик, ќе може да се пријават сите кои ги исполнуваат условите согласно закон, кажа Мицкоски

Пратениците го бираат јавниот обвинител, тие се оние кои решаваат кое е најдоброто решение за функцијата. Главен јавен обвинител ќе биде избиран на јавен повик, на кој ќе може да се пријавени секој оној кој ќе ги исполнува условите согласно закон и објавениот повик. Тоа денеска го посочи премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашања на новинарите во врска со предлогот на Владата за разрешување на главниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.

Премиерот рече дека очекува брзо да се одвива целата процедура на избор на нов главен јавен обвинител.

– Предлогот за разрешување на главниот јавен обинител веќе е образложен. Истиот ако не е досега доставен, ќе биде, рече Мицкоски.

За негативното мислење од страна на Советот за јавни обвинители по однос предлогот за разрешување на Коцевски, премиерот рече дека тоа е став на тоа тело, односно дека Владата има поинакво мислење.

Владата на вчерашната седница усвои предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Во појаснувањето на одлуката беше посочено дека Владата ја продолжува постапката што била привремено стопирана за време на изборниот период.

Предлогот до Собранието за разрешување на Коцевски од функцијата се спроведува врз основа на член 88 став 1 од Законот за Јавно обвинителство, а по претходно добиено мислење од страна на Советот за јавни обвинители.

Советот на јавни обвинители вчера даде негативно мислење по однос предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2