Хроника
Пронајдено беживотно машко тело во Охрид
Секторот за внатрешни работи од Охрид денеска соопшти дека безживотно тело на машко лице завчера попладнето било пронајдено во поранешните оранжерии лоцирани на улицата „1 Македонска ударна бригада“ во Охрид.
По преземени мерки било утврдено дека се работи за лицето З.Т.(57) од Охрид, за чие исчезнување полицијата била известена од страна на членовите на семејството на починатиот на 4 овој месец.
По наредба на јавен обвинител, врз телото денеска ќе биде извршена обдукција, за да се утврдат причините за настапувањето на смртта.
декември 9, 2025


