Connect with us

Политика

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски изрази уверување дека Договорот за стратешко партнерство со Британија не предвидува и изградба на бегалски кампови во Македонија. Со тоа, тој ги негира пишувањата во британските медиуми дека азиланти од Велика Британија ќе престојуваат во земјава.

Тој потенцира дека Договорот е еден од подобрите и посериозните документи кои земјава ги постигнала со сериозна држава како Британија и предвидува заедничка соработка во инвестиции, инфраструктура, безбедност и економија, но не и бегалски кампови.

„Со овој Договор за стратешко партнерство се предвидени одредени средства со кои во Македонија ќе се гради инфраструктура. Точно, ќе се градат железници, автопати, ќе се градат здравствени и енергетски инфраструктурни проекти, но, за жал на опозицијата која се обидува да спинува, нема да се градат какви било бегалски кампови. Британија откако излезе од Европската Унија, со сите земји од Западен Балкан, но и со самата ЕУ случува вакви договори, каде што Британија ја враќа легалната основа на Фронтекс, таму каде што Македонија и земјите членки и земјите кандидати на ЕУ имаат легална основа за борба против организирана, нелегална миграција и заштита на границите, тоа го прави Британија со овој дополнителен механизам, којшто е комплементарен со Фронтекс“, одговори Милошоски на новинарско прашање.

Британски медиуми деновиве објавија дека Британија преговара да депортира одбиени азиланти во Северна Македонија. Според објавите, двете држави од есенва биле влезени во формални преговори за да се реализира овој план.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4