Connect with us

Вести

Трипуновски: Работите во Платежната агенција полека се ставаат во тек, нема место за загриженост

Тековните активности во Платежната агенција полека се ставаат во тек и нема место за загриженост. Во меѓувсреме надлежните институции работат на проверките во Агенција и наскоро очекуваме извештај, изјави министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во Прилеп при посетата на откупните пунктови за тутун.

-Имаме нов директор и полека работите во платежната агенција се ставаат во ред. Полека тековните активности се движат во тек, без разлика дали станува збор за националните плаќања или, пак, во делот на она што значи работа по тековните повици кои ги имала Платежната агенција. Тука не треба да имаме дилема, ниту земјоделците да имаат загриженост. А за тоа кога ќе завршат проверките, да оставиме малку простор. Очекувам тоа да биде, можеби, многу поскоро. За конкретните наодфи, да почекаме извештај од надлежните кои ја прават таа контрола. Меѓутоа, тековните активности во Агенцијата се одвиваат секојдневно и непречено во еден нормален тек.

Трипуноски со одговор на прашањето дека опозицијата бара да се вклучи и ЕУ за да провери што се случува во Платежната агенција, бидејќи се сомнева дека работата нема да се истера до крај.

– Сегашната опозиција ако сака да глуми загриженост идомаќинска одговорност,  требаше ваквите пријави да ги поведе уште вбо времето кога тие беа носители на јуавни функции, зашто многу работи се случувале против законски. Знаете, јас поведов неколку постапки за кривична одговорност на претходни функционери, така што, ова е повеќе глума отколку домаќинско однесување. Нека остава, ние покажуваме како навистина се работи домаќински и одговорно  и како навистина се штитат државните интереси, а во конкретниов случај, интересите на земјоделците, изјави  Трипуновски.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4