Политика
Стојаноска: Морален чин е и Филипче да си поднесе оставка, потребна е вистинска опозиција, а не собирање на политички поени
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во гостувањето на телевизија Алфа во емисијата ,,За или против“, се осврна на темата за оставките од страна на раководството на СДС, за што кажа дека морален и одговорен чин би било и претседателот на партијата да си поднесе оставка, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ .
Како што вели таа, не очекува да се промени нешто, под водство на Венко Филипче, се додека остануваат истите луѓе со иста матрица од претходно. Исто така Стојаноска додаде дека, потребна е поразборита опозиција, особено во Собранието, а не опозиција која што само собира политички поени, бидејќи токму поради тоа, сите прогнози им паднаа во вода на локалните избори.
,,Сметам дека првпат се случува вакво нешто во историјата на постоењето на СДС. Веќе имаше реакции од некои постари и поискусни членови, но не сум изненадена бидејќи навистина се случуваа доста преседани, во време додека Венко Филипче ја води оваа партија“, рече Стојаноска.
Според неа, морален чин би бил и претседателот на опозициската СДС да си поднесе оставка.
,,Сметам дека морален чин е и тој да си поднесеше оставка, особено после поразот на локалните избори. Но ќе следиме, ќе видиме, со што уште би можеле да не изненадат како СДС под раководство на Венко Филипче“, истакна Стојаноска.
Стојаноска посочи дека се очекуваат некои политички изненадувања, меѓутоа, како што вели таа, не очекува нешто навистина да се промени доколку истите луѓе останат во партијата со истата матрица од претходно.
,,Не би очекувала нешто навистина да се случи, некој пресврт, па да навистина добиеме во државава, па зошто да не и во парламентот поинаква опозиција, поразборита, опозиција што ќе се труди навистина да биде наш коректив и да се натпреваруваме во подобри предлози. А, не да се повторуваме со некои предлози само за да се соберат политички поени“, кажа Стојаноска и додаде:
,,А политички поени веќе се покажаа на последниве локални избори и сите прогнози им паднаа во вода. Тоа беше една најдобра историска победа на локални избори за ВМРО-ДПМНЕ. Се додека сами не размислат дека време е да променат многу повеќе од овие оставки, со оглед на составот во парламентот“.
Стојаноска: На Конгресот ќе ја зацврстиме победата и ќе го трасираме патот за иднината со новата стратегија
Дафина Стојаноска, пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа, каде зборуваше за подготовките, значењето и очекувањата од претстојниот 18-ти Конгрес на партијата, кој ќе се одржи утре. Таа истакна дека Конгресот има особено важна улога, како највисоко партиско тело, и дека ќе биде посветен на зацврстување на политичката победа и идната Стратегија Македонија 2030 на ВМРО-ДПМНЕ.
,,Ова е редовен Конгрес којшто се одржува во нашата партија, според статутот, на секои 4 години. Вкупно делегати и гости очекуваме некаде 2600 да бидат присутни на овој 18-ти Конгрес. Ќе се одржи во Кавадарци во спортската сала ,,Мито Хаџивасилев – Јасмин“, заради бројноста мораше таков објект да избереме“, рече Стојаноска.
Таа додаде дека организациските подготовки се при крај и дека се е подготвено пред почетокот на Конгресот.
,,Го избравме Кавадарци како град, кадешто досега ВМРО-ДПМНЕ нема одржано Конгрес. Сакавме да биде така, и јас би го прогнозориала како еден празнчен ден за партијата и за сите членови, Конгресот е највисокото наше партиско тело“, вели Стојаноска.
Пратеничката истакна дека кандидат е актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а и дека пракса е на секој Конгрес да се усвои стратешки документ. Стојаноска истакнува дека очекува Конгресот да ја зацврсти големата победа од 2024 година и локалните избори годинава , а новата стратегија ,,Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“, ќе биде насочена кон продолжување на тој успех.
,,Ова ќе биде негов трет мандат, како претседател на партијата, и да веќе е пракса воведена на секој Конгрес да усвојуваме и по еден стратешки документ. Сега веќе во улога на партија која што е на власт од 2024 година, парламентарните избори“, нагласи Стојаноска и додаде:
,,Очекувам едноставно само да се зацементира она, за што ние пред 2024 година жестоко се боревме. Најголемата победа беше во 2024 година, на било кои парламентарни избори досега. Истото се случи и со последниве локални избори. Во таа насока ќе се движи и стратегијата која што ќе ја усвоиме како конгресен документ“.
декември 6, 2025


