Политика
Сестриснките партии со порака: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се блиску до граѓаните и затоа победуваат
Претставници на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ со честитки за достигнувањата на партијата кои ги имаше како што велат особено во последните две години и притоа укажуваат на победите на парламентарните, претседателските и локалните избори.
„Честитки, бидејќи не е толку својствено за една партија да го прослави овој извонреден успех. Кога ќе погледнам наназад мислам дека овој успех може да се објасни. Она што сакам да го кажам е дека сте блиску до народот, блиску сте до граѓаните, знаете што мислат граѓаните и знаете за нивните потреби и што е потребно за иднината“, рече во своето видео обраќање на присутните на Конгресот, Гунтер Крихбаум, пратеник во Бундестагот од ЦДУ и државен министер за Европа укажувајќи дека иднината на Македонија е во Европа.
Според него, Христијан Мицкоски и партијата се приказна за успех и затоа им посакува, многу успех што е потребен за во иднината.
Со честитки и желби за понатамошни успеси и Андреј Пленковиќ, претседател на ХДЗ и премиер на Хрватска.
„Сакам да ви посакам успех во одржување на Конгресот по толку одлични изборни победи на парламентарните ,претседателските и сега локалните избори. Повторно и да му дадам поддршка на мојот пријател Мицкоски. Се радувам на унапредување на соработката помеѓу ХДЗ и ВМРО ДПМНЕ и меѓу Хрватска и Македонија. Голема поддршка на патот за кон ЕУ“, кажа Пленковиќ.
Антонио Тајани, потпретседател на Европската народна партија, претседател на Форца Италија и вицепремиер и министер за надворешни на Италија укажа дека Европската народна партија силно ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ.
„ВМРО-ДПМНЕ е почитуван член на семејството на ЕНП, делиме исти вредности, посветеност на демократија, владеење на право, борба против корупција, слободен пазар“, вели Тајани.
Виктор Орбан, претседател на ФИДЕС и премиер на Унгарија исто така со честитки за ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Мицкоски.
„Ја поставивте Македонија на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој“, изјави Орбан.
декември 6, 2025


