Connect with us

Вести

Мицкоски со порака од Конгресот: Македонија може, знае и ќе успее!

Од овој конгрес испраќаме една порака што треба да одекне низ секој град, секое село, секое семејство и секое срце: Македонија може, Македонија знае, Македонија ќе успее. Со визија, со работа, со единство. Со сила што не се гледа само во говори, туку во секојдневното креирање просперитет. Нашата задача не е да ветиме иднина, туку да ја создадеме. А, ако стоиме цврсто, обединети и сигурни во правецот, тогаш иднината ќе личи на нас, а не ние на неа, рече во своето воведно обраќање на денешниот XVIII конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Христијан Мицкоски.

Додаде дека денес се затвора една етапа на неизвесност и се отвора деценијата на зрелоста, на растот и развојот на Македонија.

„Денес, пред оваа сала, ја затвораме една етапа на неизвесност и ја отвораме деценијата на зрелоста. Деценија во која државата не само што ќе опстане, туку ќе расте, ќе се стабилизира, ќе напредува, ќе стане пример. Деценија во која ќе покажеме дека политиката може да биде чест професија, дека лидерството може да биде служба, а државата заеднички дом што го чуваме и го градиме со љубов, упорност и дисциплина“, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ова е нашата обврска, нашата чест и нашата заедничка мисија, повикувајќи на поддршка за стратешките документи, визија и планови кои ќе носат на партискиот Конгрес.„Секое време бара прилагодување. Ние мора да се прилагодиме на времето кое доаѓа и на генерацијата на која мораме да и дадеме шанса. Ова е словото врз кој е го темелиме идниот развој. Заедно и обединети, за визија која ќе ја гради државата и заедничката иднина. Ве повикувам да ја поддржите оваа стратегија и пропратните доктринарни, стратешки документи, визија и планови“, повика Мицкоски.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1