Хроника
Скопјанец пријавил дека две лица со закана одзеле пари од малолетничка, а потоа нападнале нејзин другар
Скопјанец пријавил во полиција дека две лица со закана со остар предмет одзеле пари од малолетничка, а потоа нападнале нејзин другар.
– Синоќа во 19 часот во СВР – Скопје, И.М., 55-годишен скопјанец, пријави дека во Градскиот парк во градот, две лица со закана со остар предмет одзеле пари на неговата 13-годишна ќерка, а потоа едно од лицата физички го нападнало нејзиниот 14-годишен другар, кој бил со неа, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
декември 5, 2025


