Connect with us

Вести

Учество на министерот Муцунски на состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ во Виена

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна посета на Виена, Австрија, каде ќе учествува на 32-от Министерски состанок на ОБСЕ 2025, со кој претседава Финска.

Како што соопшти МНРиНТ, ОБСЕ е организација препознатлива по својот сеопфатен концепт за безбедност, што политичко-воени прашања, како и такви човековите права, демократијата и владеењето на правото.

Министерот ќе има неколку обраќања на теми од поширок заемен интерес во светло на сложениот безбедносен контекст со кој се соочува регионот на ОБСЕ.

-Покрај учеството на Министерскиот совет, агендата на министерот при посетата на Виена вклучува и учество на состанокот на „Пријателите на Западен Балкан“, во организација на австриското Министерство за надворешни работи. На овој состанок ќе учествуваат високи претставници од земјите-членки на групата и државите од Западен Балкан, како и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, стои во соопштението на Министерството.

Во рамките на посетата на Виена, Муцунски ќе оствари средба и со Здружението на индустријалци на Австрија, каде ќе бидат претставени новите можности за економска соработка.

Од Министерството додаваат дека е предвидено министерот Муцунски да оствари и серија билатерални средби и разговори. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4