Connect with us

Вести

Судскиот совет ја усвои програмата и акцискиот план за спречување и следење на корупцијата во судството 2026-2029

Судскиот совет на Република Северна Македонија едногласно со десет гласа „за“ ја усвои Програмата и Акцискиот план за спречување и следење на корупцијата во судството 2026-2029.

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски на почетокот на седницата појасни дека предлог Програмата и Акцискиот план се важен чекор за правосудниот систем и за европските интеграции на нашата држава и дека при дефинирање на целите и приоритетите биле земени предвид Извештајот за напредок и владеење на правото на ЕУ, извештаите за евалуација и усогласеност на ГРЕКО и оценските мисии и препораките упатени кон државата, како и структурните ограничувања на Судскиот совет, недостигот на човечки ресурси, неговата независна рамка за управување и пошироките законодавни реформи.

– Новата Програма со Акцискиот план има за цел да го зајакне управувањето со судството преку зајакната отчетност и транспарентност на Судскиот совет, а од друга страна преку интегритет и антикорупциски практики во секојдневното функционирање на судските инстанци. Судскиот совет преку усвојување на Програмата и Акцискиот план ќе ја исполни обврската на одговорна институција согласно Реформската агенда на ЕУ за 2024-2027 година за постигнување на овој чекор во областа на владеење на правото, подобласт независност, квалитет и интегритет на судството со рок на донесување декември 2025 година, изјави Камбовски.

Програмата и Акцискиот план за спречување и следење на корупцијата во судството 2026-2029 е изготвен со поддршка на Фондот за борба против корупција при Француската агенција за развој и во соработка со Државната комисија за спречување на корупцијата.

На дневен ред на денешната седница на Судскиот совет се и усвојување на Извештајот за спроведено вонредно оценување на кандидати за судии на Апелацискиот суд Штип, постапување по решенијата на Советот за одлучување по жалба при Врховниот суд и формирање на комисии на известители по поднесени барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1