Connect with us

Хроника

Велешанец лишен од слобода, во град возел со 94 километри на час

Полициски службеници од СВР Велес вчера во раните утрински часови лишиле од слобода 40-годишен жител на градот, откако бил затекнат како управува возило со брзина од 94 километри на час во населено место.

Како што соопшти денеска портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, велешанецот бил лишен од слобода вчера во 06:45 часот на улица „Вардарарска“ во населбата „Шорка“ во Велес.

-При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „форд галакси“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 94 километри на час, во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час, информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2