Хроника
Малолетен кавадарчанец повреден од воздушна пушка, при случајно пукање од негов другар додека ја разгледувале
Малолетен кавадарчанец бил повреден од воздушна пушка, при случајно пукање од негов другар, додека ја разгледувале, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Вчера околу 04:00 часот во ОВР Кавадарци, од Општа болница Кавадарци e пријавено дека кај нив со повреда бил донесен малолетник од Кавадарци. Според пријавеното, додека бил во домот на негов малолетен другар во Кавадарци, пронашлe воздушна пушка и додека ја разгледувале, едниот малолетник случајно испукал една дијабола и го повредил другарот. Во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со малолетникот во присуство на родител и адвокат за малолетници, а воздушната пушка била пронајдена и одземена, појаснија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци и по документирање на настанот, ќе бил поднесен соодветен поднесок.
ноември 17, 2025

