Connect with us

Хроника

Физичка пресметка помеѓу навивачите по кошаркарски натпревар во Куманово

Полицијата уапси млад кумановец кој оштетил возила на гостински тим по кошаркарски натпревар во Куманово, информираше денеска полицијата.

-Вчера во 21:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода К.Ж.(23) од Куманово. Имено, по завршување на кошаркарскиот натпревар во спортска сала во Куманово помеѓу екипите на МКК Куманово и КК Пелистер од Битола, настанала физичка пресметка помеѓу навивачите на двете екипи, а биле физички нападнати полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Притоа, К.Ж. е забележан како со тврд предмет ги оштетува возилата на гостинскиот тим, информираше полицијата.

По целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сите учесници во пресметката и за целосно расчистување на случајот.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3