Хроника
Во Калишта пронајдена неексплодирана артилериска граната
Неексплодирана артилериска граната со калибар 105 милиметри е пронајдена при изведување градежни работи и ископ во струшкото село Калишта.
Како што информира МВР, случајот е пријавен на 14 ноември 2025 во 16:00 часот во СВР Охрид.
Овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнало гранатата, а увид извршила екипи од СВР Охрид.
ноември 16, 2025

