Хроника
Рибочуварка на Тиквешко Езеро пријавила физички напад од сопружници
Рибочуварка на Тиквешко Езеро пријавила физички напад од сопружници, соопштија претпладнево од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Вчера во 13:43 часот во ОВР Кавадарци, М.П.(46) од овој град пријавила дека во 11:30 часот во населба Брушани на Тиквешко Езеро, кавадаречко, додека извршувала службени задачи како рибочувар, била физички нападната од Г.С. и неговата сопруга, кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, појаснија од СВР Велес.
ноември 15, 2025

