Connect with us

Регион

Европол уапси платеници кои требало да киднапираат водач на албанска нарко банда

Шест лица се уапсени во голема меѓународна операција за разбивање на група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водач на една соперничка банда. 

Операцијата, која се спроведе вчера, ја предводеше Германија со поддршка на Европол и полициите од Данска, Франција, Латвија и Обединетото Кралство, објави Европол.

Целта на платениците, меѓу кои има и поранешни членови на Француската легија на странци, бил шеф на една албанска нарко мрежа. Се верува дека тој ја организирал кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра, а киднапирањето требало да биде одмазда. Платениците биле летонски државјани, високо обучени и опремени со професионална опрема за извршување на задачата.

За време на координираната акција, четири лица се уапсени во Данска, Франција, Летонија и Обединетото Кралство. Уште двајца осомничени биле уапсени претходно, во октомври 2014 година во Германија, и оттогаш се осудени. 

Европол одигра клучна улога во истрагата, овозможувајќи размена на информации и оперативна координација. 

На денот на акцијата, експерт на Европол беше во Ница за да им помогне на истражителите на терен во реално време со вкрстена проверка на податоците.

Истрагата откри дека некои од осомничените се поранешни војници на Француската легија на странци, што укажува на алармантен тренд поврзан со војната во Украина. 

Европол предупредува дека војници обучени за борба – вклучувајќи Украинци обучени од американските сили, легионери и руски платеници – се враќаат од бојното поле и ги користат своите вештини за потребите на организираниот криминал.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2