Свет
Две лица загинаа, а 18 се повредени кога камион влета во пазар во Јужна Кореја
Две лица загинаа, а 18 се повредени кога камион влета во пазарот Џели, во градот Бучеон, југозападно од Сеул, соопштија утрово јужнокорејските власти.
Инцидентот се случил околу 11 часот по локално време, објави Јонхап.
Полицијата соопшти дека возачот, маж во шеесеттите години, е приведен на местото на настанот.
„Возачот тврди дека имало ненадејно, ненамерно забрзување, но ова е тешко да се потврди врз основа на снимките од безбедносните камери на возилото во движење“, изјави претставникот на противпожарната станица Бучеон, Парк Геум Чон.
Според него, возачот не бил под дејство на алкохол или дрога.
Камионот прво се вратил назад околу 28 метри, а потоа се забрзал напред околу 150 метри и ги удрил луѓето кои биле на пазарот, но не удрил во продавниците.
Две жени во седумдесеттите години починале,
А меѓу повредените има неколку лица со тешки повреди.
Полицијата истражува како дошло со инцидентот, вклучувајќи ја и можноста за дефект на возилото.
ноември 14, 2025

